Украинците во Македонија: Русија да одговара за кражба и продажба на украинското жито

t

Дури и пред инвазијата на Украина, руската морнарица ги блокираше поморските товарни патишта за извоз на украинско жито. За време на тековната војна, петти месец по ред, Украина е лишена од можноста да продава земјоделски култури на нејзините клучни пазари во Азија и Африка и е спречена од тоа да ги одржува стабилни операциите на Светската програма за храна на ОН. Според проценките на Блумберг, до крајот на годината, во најдобар случај, Украина ќе можеше да извезе преку своите поморски пристаништа малку повеќе од 2 милиони тони жито од повеќе од 20 милиони тони блокирани во силосите за складирање на земјата.

Руската армија ги ограбува заробените силоси на југот и на истокот на Украина. Украденото жито се извезува во Крим и Русија пред да биде проследено на Блискиот Исток. Сергеј Аксјонов, таканаречениот „шеф“ на руската окупациска управа на Крим, потврди дека житото се извезува од Херсонската и Запорижската област до анектираната територија на Крим пред да биде испорачано во пристаништата во Севастопол и Керч.

Путин повеќе не го крие фактот дека Русија незаконски извезуваше украинско жито и нуди да го „размени“ за укинување на санкциите за Русија. За време на неговата посета на Иран на 19 јули, пред средбата со турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин рече дека САД треба да ги отстранат сите ограничувања за извозот на руско жито „ако сакаат да ја подобрат ситуацијата на пазарот на храна“. „Ќе го олесниме извозот на украинско жито, но претпоставуваме дека ќе бидат отстранети сите ограничувања поврзани со снабдувањето со руско жито. Никој досега не се спротивставил, вклучително и нашите американски партнери“, цинично изјави рускиот претседател. Покрај тоа, рускиот лидер најави овогодинешно зголемување на извозот на руско жито од 30 милиони тони на 50 милиони.

Не е тешко да се погоди дека станува збор за украдено украинско жито. Има многу документирани случаи кога Русите извезувале жито од јужните и источните региони на Украина и го доставувале до пристаништата на земјите од Блискиот Исток. Пред да влезат во Црното Море, руските бродови ги исклучуваат тракерите за локација. Бродовите повторно се појавуваат на радарот на половина пат до нивните наменети дестинации.

Русија достави украинско жито до 15 пристаништа ширум светот. Најчесто бродовите се закотвувале на брегот на Турција. Руските бродови се проверуваат во девет турски пристаништа: Деринге, Искендерун, Немрут, Самсун, Бандирма, Мармара, Карасу, Мерсин и Атакас. Дополнително, транспортерите на рефус испорачуваа житарки илегално земени од земјоделците до сириските пристаништа Латакија и Тартус, до израелската Хаифа, иранскиот Амирабад и пристаништата Пота (Грузија) и Бејрут (Либан).

Delta Streamline LTD (Малта), Amur Shipping LTD (Русија), Traveler Shipping LLC (Русија), Silverline Shipping LLC (Русија), „Donmaster LLC (RF), Sormovo Ship LLC (Русија) и Victoria River & Sea Transport LTD ( Турција) се вклучени сите.

„Продавачи“ на украденото жито се руските компании OJSC Petrokhleb-Kuban (дан. бр. 2310109650); OJSC Company Aprel (2311232047); OJSC Krasnogvardeyskiy Lift (9105010531); АД JSC TD Fregat (2462040308); JSC Agro-Fregat (6141055691); OJSC Grain Logistic (6167196351); OJSC Afina (6161095847); и JSC Hlebkom (2308100890).

Русија украде и извезе од привремено окупираните територии на Украина жито и маслодајни семиња во вредност од над 613 милиони долари. Во моментов, вкупниот износ на земјоделски загуби поради тековната руска инвазија изнесува 27,6 милијарди долари, од кои најголем дел е штетата поради неуспехот да се соберат зимските култури (1,4 милијарди долари) и уништената опрема (926 милиони долари).

Украина смета на брз и решителен одговор од ЕУ, САД и другите партнери кои се дел од коалицијата за санкции. Напорот треба да резултира со вклучување на списокот со санкции на сите компании кои се вклучени во недозволена трговија, како и воведување ограничувања за спречување на такви злосторства во иднина.

Сите вклучени во доставата или продажбата на житото украдено во Украина треба да бидат свесни за својата неизбежна одговорност. Треба да бидат санкционирани превозниците, пристаништата, сопствениците на бродови, осигурителните и брокерските фирми, како и купувачите.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…