Украинците признаа: Загинаа над 93.000 наши војници

Украинските власти објавија дека од почетокот на инвазијата загинале над 93 илјади украински војници.
Украинската армија убила уште 340 руски војници во последните 24 часа. Во битките на 8 декември беа изгубени и два руски борбени тенкови, две оклопни борбени возила и два артилериски системи.
Соборени се уште два дрона, кои беа користени за напад на украинската инфраструктура и станбени области. Ова се бројките презентирани од украинската страна. Објавената руска статистика покажува многу помали загуби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во вчерашното руско гранатирање во градот Курахове загинаа 10 лица, а многу други беа ранети. „Тоа беа мирни, обични луѓе“, рече Зеленски.
Зеленски, исто така, рече дека нагазна мина убила четворица полицајци во регионот Керсон, а уште четворица се лекуваат со повреди.
Зеленски даде и други информации од бојното поле. „Во регионот Доњецк и во областа Бахмут се случуваат жестоки судири и секој метар е важен“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја повика Русија да го прифати…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија…
Путин му одговори на Трамп: Животот на…
Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…
Руте повика на нормализација на односите со…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…
Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе…
Членството на Украина во НАТО повеќе не…
ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…
Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…