Објавено на:

Украинците признаа: Немаме одбрана за иранските балистички ракети

t

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека во моментов немаат ефикасна одбрана од балистичките ракети, за кои Киев тврди дека Иран планира да и ги испорача на Русија.

Јуриј Ихнат, портпаролот на украинските воздухопловни сили, изјави дека дострелот на иранските балистички ракети кои наводно пристигнуваат во Русија е од 300 до 700 километри, што ѝ овозможува на Русија да гаѓа цели каде било во Украина.

„Постои голема веројатност ракетите да бидат испорачани северно од украинската граница, од каде ќе можат да бидат лансирани на целата територија на Украина”, изјави денеска Ихнат на прес-конференција одржана во Киев.

Претходно денеска „Си-Ен-Ен” објави дека Иран се подготвува да испрати дополнителни илјада парчиња оружје во Русија, вклучувајќи балистички ракети земја-земја и беспилотни камикази-летала.

На прашањето дали оружените сили се подготвени да се одбранат од таквите типови ирански ракети, Ихнат рече дека Украина „ќе ги преземе сите заштитни мерки”, но предупреди дека во моментов украинските сили немаат ефикасна одбрана од такви ракети.

„Теоретски е можно да ги собориме, но многу е тешко да се направи со она што моментално го имаме на располагање. Имаме противвоздушна, а не противракетна одбрана”, изјави Ихнат пред медиумите, споделувајќи ги проценките на Киев дека Русија има сѐ помалку од ракетите „Искандер-М” и недостигот го надополнува со ракети од иранско производство.

Михаило Подољак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го нарече Техеран „учесник во агресијата”.

„Иран испраќа ракети до Руската Федерација и знае дека Русите со нив ќе ги нападнат нашите градови. Тие ги обучуваат Русите да користат дронови, знаејќи дека ќе го нападнат украинскиот енергетски сектор и ќе предизвикаат нов бегалски бран кон Европската унија”, објави Подољак на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…