Украинците се пофалија: За 18 минути срушивме 4 руски хеликоптери

Украинската армија тврди дека соборила четири руски хеликоптери на југот на земјата за само 18 минути.
Противвоздушни ракети на украинските воздухопловни сили утрово во периодот од 8:40 до 8:58 часот, според Украинците, ги погодиле руските хеликоптери.
„Целтиривме уште два хеликоптери, така што постои голема веројатност бројот на потврдени соборени хеликоптери да се зголеми“, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили.
Украинците тврдат дека еден од соборените хеликоптери, најверојатно напреден борбен хеликоптер Ка-52, се урнал на територија што Украинците неодамна ја ослободија од проруските сепаратисти, додека другите паднале зад непријателските линии.
Руските хеликоптери „им пружаа воздушна поддршка на окупаторските пешадиски сили во правец на југ“ кога беа соборени, соопшти украинската армија.
Оваа информација е делумно потврдена од проруски извори, пишува „Sky News“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…