Украле агрегат и секира во Врапчише: Сега ќе се влечат по судови…

t

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителни предлози против две лица, од кои едното извршило, а другото се обидело да изврши кривично дело – Тешка кражба предвидено во член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Во првиот предмет, 49-годишен жител на селото Врапчиште е обвинет дека на 29.09.2021 година влегол во незаграден двор на една куќа во селото, го скршил катанецот од вратата на шталата и одзел агрегат и секира, со што на сопствениците им причинил материјална штета од 19.000 денари.

За вториот настан пак, 65-годишен тетовец е обвинет, бидејќи на 16.11.2021 година се обидел да украде пари и други предмети од возило со скопски регистарски ознаки паркирано во близина на Градскиот пазар во Гостивар. Бил забележан од оштетениот и не ја реализирал намерата.​​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…