Објавено на:

Ултрамаратонецот Тони Манев ќе го прослави Денот на независноста на Македонија трчајќи точно 178 километри!

t

Нашиот ултрамаратонец Тони Манев, Денот на независноста на Република Македонија ќе ја прослави трчајќи точно 178 километри со 8.000 метри искачување во Словенија на Крањска гора и Австриските Алпи, како дел од Julian Alps Trail Run.

Точно во 12 часот на 8 Септември ќе стартува трката организирана од УТМБ од местото Кобарид, во конкуренција од преку 150 тркачи од целиот свет.

Единствениот македонски претставник, кој воедно е првиот Македонец кој ќе се обиде да ја истрча оваа најдолга делница од 178 километри, при што треба да искачи и нешто повеќе од 8.000 метри.

Финишот е предвиден во Крањска гора, а лимитот за да се направи овој подвиг е 60 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ултрамаратонецот Тони Манев ќе го прослави Денот…

Нашиот ултрамаратонец Тони Манев, Денот на независноста…

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…