Објавено на:

Унгарија бара суспензија на финансиската помош од ЕУ за Украина поради корупција

t

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Европската Унија треба да ги суспендира исплатите кон Украина, откако беа објавени извештаи за корупција во таа земја.

„Во Украина постои воена мафија и корумпиран систем, а претседателот на Европската комисија, наместо да ги запре исплатите и да бара итни финансиски проверки, планира да испрати уште 100 милијарди евра во Украина. Ова е лудо“, изјави Сијарто за новинарите во Брисел пред состанокот со колегите од ЕУ, објави Ројтерс.

Извештаите за корупција вклучуваат истрага за наводен заговор од 100 милиони долари за контрола на склучувањето договори во државната нуклеарна агенција, што доведе до отстранување на двајца украински министри и повици за сеопфатни мерки за враќање на довербата во раководството на земјата.

Сијарто оцени дека сегашните перспективи за Украина не се позитивни.

„Времето не е на страната на Украина. Илузија е да се каже дека е така“, додаде тој.

Според него, Унгарија ќе ги поддржи мировните иницијативи на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија бара суспензија на финансиската помош од…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчарот од Албанија

Вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски…

Рубио: Трајниот мир во Украина бара тешки…

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес…

ЦУК: Обилните врнежи предизвикаа зголемување на водостоите…

Во изминатото деноноќие, поради обилните врнежи, екипите…

Калас: „Без Киев и Брисел нема план…

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика…