Унгарија влегува во игра: Иницијатива преговорите меѓу Русија и Украина да се водат во Будимпешта
Унгарија предложи Будимпешта да биде платформа за преговори меѓу Русија и Украина, а досега тоа не е одбиено, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.
„Вечерва му се јавив на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, а потоа и на шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак и им кажав дека Унгарија и Будимпешта се подготвени да ги примат двете делегации.
Подготвени сме да обезбедиме место за преговори во безбедни и правични услови со цел што поскоро да се воспостави мир во нашиот регион. Двајцата соговорници се заблагодарија за предлогот. Ниту еден од нив не го одби.
Посочија дека е неопходно да се продолжат внатрешните преговори. Се надевам дека преговорите ќе започнат каде било што е можно поскоро“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Претходно како можни места за преговори се споменуваа Минск и Варшава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…