Унгарија го зголемува буџетот на одбранбените сили
Унгарската влада планира да го зголеми буџетот на одбранбените сили, од годишните три милијарди на повеќе од четири милијарди долари во 2023 година.
– Поголемиот дел од парите ќе бидат инвестирани во набавка на оружје и воена опрема. Тоа ќе ја смести Будимпешта на самиот врв на Европа во однос на уделот на трошоците за одбрана во БДП, заедно со Грција и земјите што граничат со Русија.
Владата на Виктор Орбан му предложила на унгарскиот парламент вкупниот воен буџет за следната година да изнесува 4 милијарди и 150 милиони долари. За функционирање на Министерството за одбрана се планирани околу 1,9 милијарда, а за набавка на оружје и воена инфраструктура се предлагаат околу 2,25 милијарди.
Околу половина од тие пари ќе бидат наменети за набавка на оружје за копнените сили, околу 26 отсто за воздухопловните сили и воздушната одбрана, а остатокот за воената инфраструктура и други трошоци.
Унгарија по долга пауза почна многу амбициозно да инвестира во одбраната во 2014 година, а тоа е поврзано со почетокот на украинската криза и процесот на заладување на односите меѓу Русија и Западот.
На списокот на набавки има оклопни возила од секаков вид, тенкови, самоодни хаубици, пешадиско оружје, воздушно оружје, хеликоптери, транспортни авиони и дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…
Илир Мета сакал да бега во Унгарија,…
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на…
Двегодишно дете убиено кај хрватската граница со…
Безживотно тело на двегодишно дете е пронајдено…