Објавено на:

Унгарија е на страната на Унгарија: Орбан експресно му одговори на Зеленски

t

Посилните санкции за Русија и испораката на смртоносно оружје за Украина се спротивни на интересите на Унгарија, му порача вчера премиерот Виктор Орбан на украинскиот претседател кој апелираше до лидерите на ЕУ за помош, повикувајќи ја Будимпешта да избере страна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше до лидерите на НАТО да ја зголемат воената поддршка за неговата земја, предупредувајќи ги дека следната руска цел би можеле да бидат членките на НАТО во Источна Европа, вклучително и Полска.

„Унгарија сака да остане надвор од оваа војна и нема да дозволи трансфер на оружје за Украина“, изјави вчера Орбан, според портпаролот на неговата влада Золтан Ковач. Од почетокот на руската инвазија на Украина, Будимпешта прифаќа бегалци, но одбива да испрати воена помош и забрани пренесување на смртоносно оружје низ нејзината територија.

Орбан ја осуди руската инвазија на Украина, но се воздржа од отворено критикување на рускиот претседател Владимир Путин и остро се спротивстави на санкциите за руската енергија.

„Слушај, Виктор, знаеш ли што се случува во Мариупол?“, Зеленски го праша Орбан, кој се зближи со Кремљ во последните години.

„Одговорот на прашањето на која страна е Унгарија е дека Унгарија е на страната на Унгарија“, напиша денеска Орбан на социјалните мрежи.

„Еднаш засекогаш, треба да одлучите на која страна сте“, рече Зеленски во видео емитувано на лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел. Покрај тоа, Зеленски ја повика Унгарија, која е многу зависна од руската енергија, да ја прекине трговијата со Москва.

„Ако ја затвориме чешмата за нафта и гас, ќе ги оптовариме трошоците за војната на грбот на унгарските семејства“, рече Ковач во петокот. „Не можеме да си го дозволиме тоа“, рече тој.

Орбан се подготвува за парламентарните избори на 3-ти април, на кои трката ќе биде многу тесна бидејќи опозицијата првпат настапува со единствен кандидат.

Опозицискиот лидер Петер Марки-Зај беше тој што од говорот на претседателот Зеленски прочита дека Виктор Орбан е „изолиран“.

„Тој сега се смета за последен сојузник (на Владимир Путин) во ЕУ и НАТО“, рече Марки-Зај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…

ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…