Унгарија е подготвена да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина
Унгарија е подготвена да ги преземе преговорите меѓу Москва и Киев, доколку тие тоа го сакаат, изјави Сијарто.
На прашањето дали Будимпешта е подготвена да дејствува како посредник и да ги преземе преговорите меѓу двете страни, доколку тие преговори се обноват, Сијарто рече:
„Можете да бидете посредник само ако тоа го сакаат двете страни, така што тоа не зависи од нас.
Како што додаде, доколку вакво барање се упати до Унгарија, таа без двоумење ќе одговори потврдно.
Тој потсети дека неколку дена по почетокот на кризата разговарал и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј Јермак, пренесува Спутник.
„Им предложив Унгарија на двајцата како место за преговори – објективно, непристрасно, безбедно место кое гарантира еднакви и безбедни услови за сите. Тој наш предлог е се уште актуелен. Ако им требаме, со задоволство ќе обезбедиме место, фер и безбедни услови“, рече Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…