Унгарија останува без важни ресори во ЕК, нема место ниту за Вархеји
Лидерите на земјите-членки на ЕУ планираат да го казнат унгарскиот премиер Виктор Орбан за неговата континуирана опструкција за украинското прашање со тоа што нема да ѝ дадат на Унгарија ниту едно од важните ресори во следната Европска комисија, вклучително и оние кои се задолжени за преговорите за проширување на ЕУ, велат информираните дипломати за бриселскиот портал Политико.
Унгарија сака да ја задржи функцијата комесар за проширување, која претходните пет години ја вршеше Оливер Вархеји, кој е близок до Орбан. Меѓутоа, бидејќи тој ресор има значително влијание поради очекуваните пристапни преговори со Украина, владите на членките на Унијата не сакаат да го видат ниту Вархеји, ниту кој било друг Унгарец на таа позиција, велат дипломатите.
Орбан е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, а европските лидери се се поогорчени поради одложувањето на воведувањето санкции кон Русија како и поради ставот на унгарскиот премиер и неговото противење на испораката на средства за Киев. Еден дипломат изјавив дека „речиси не доаѓа предвид“ да и се дозволи на Унгарија да ја задржи контролата врз кој било моќен оддел, додека Будимпешта се надева дека Вархеји може да остане како комесар за проширување.
Во последните месеци Орбан се обиде да ја блокира испораката на помош за Украина и се закани дека ќе ги блокира преговорите за пристапување во ЕУ со Киев. На 1 јули Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија, и тоа и дава овластување да ја одредува агендата.
Вархеји беше цел на обвинувања за поткопување на политиката кон кандидатите за ЕУ и за создавање конфузија во неодамнешниот конфликт на Унијата со Грузија во врска со таканаречениот „закон за странски агенти“, кој многумина го гледаат како обид на владејачката партија во Грузија да се бори против опозицијата, медиуми, активисти и невладини организации.
Назначувањето на Вархеј за комесар за проширување во 2019 година нашироко се сметаше за „понуда за мир“ до Орбан, чија цел е да ја задржи унгарската десничарска влада на страната на другите членки на ЕУ, слично на тоа како на Велика Британија и беше дадена најмоќната економска позиција во 2014 година по најавата на тогашниот британски лидер Дејвид Камерон дека ќе организира референдум за напуштање на Унијата (Брегзит).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија…
Заменик претседателот на Владата и министер за…
Муцунски: Се заблагодарив за брзата реакција од…
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите.…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија ќе ѝ помогне на Македонија со…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…