Објавено на:

Унгарија сака сојуз со Чешка и Словачка, истакна Сијарто

t

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја се надева на формирање централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверенистички влади и споделуваат слични ставови за надворешната политика и прашањето за Украина.

Говорејќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто истакна дека Будимпешта дели заеднички погледи со Братислава за иднината на Европа, соработката и улогата на Украина.

– Веруваме дека идната чешка влада, по победата на движењето АНО на Андреј Бабиш, ќе ги сподели нашите ставови, бидејќи потекнуваме од исто политичко семејство – групата „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент – рече Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија очекува дека таков сојуз би можел да придонесе за зајакнување на „суверената надворешна политика“ на регионот и зголемување на неговото влијание во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија сака сојуз со Чешка и Словачка,…

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија,…

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и…

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да…

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде…

На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник…

Мециновиќ: Вториот круг отвора нова политичка реалност…

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од…

Касами: Mојата поддршка за Дехари беше искрена…

„Ја побарав довербата од Албанците, Македонците, Турците,…