Унгарија се спротивстави на членството на Косово во Советот на Европа
Унгарија се спротивстави на членството на Косово во Советот на Европа пред денешната вонредна седница на Комитетот на министри на Советот на Европа.
Официјална Будимпешта не гледа позитивно на иницијативата на Приштина за членство во Советот на Европа, уште од поднесувањето на иницијативата, пишува Спутник повикувајќи се на извори од дипломатски кругови.
На претпладневниот состанок на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа, шефот на унгарската делегација Немет Золт праша дали ова е вистински момент да се стави на дневен ред барањето на Косово за прием во оваа организација.
Тоа прашање директно му го постави на заменик генералниот секретар на Советот на Европа Бјорн Берге со коментар дека е потребно единство во актуелните геополитички околности во Европа.
Унгарскиот претставник посочи и дека покренувањето на процедурата за прием на Косово може да предизвика некои земји да го откажат присуството на самитот во Рејкјавик на 16 и 17 мај.
Одговорот на заменик-генералниот секретар Берге беше дека „прашањето за Косово сигурно нема да биде дел од Самитот и дека нивното барање се чека долго време“.
Инаку, во Стразбур почна пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа и се води мала дипломатска војна околу барањето за членство на Приштина. Наводно, земјите од Квинте се обидуваат да го „бутнат“ тоа барање на дневен ред.
Шефот на српската мисија во Советот на Европа, Александра Ѓуровиќ изјави дека „Србија ќе се бори до крај барањето на Приштина за прием во Советот на министри да не биде ставено на дневниот ред на седницата на Комитетот на министри“.
Почетокот на седницата е планиран за 14 часот и 30 минути.
Приштина аплицираше за прием во Советот на Европа во мај минатата година, а до сега таа апликација беше „во фиока“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…