Објавено на:

Унгарската претседателка: Време е за мир во Украина

t

Наскоро ќе дојде време за решавање на конфликтот во Украина, иако се уште нема услови за објавување на конкретен мировен план, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во интервју за италијанскиот весник „Месаџоре“.


„Апсолутно се согласувам со папата Франциск, дури и ако не можам јавно да кажам дека постои конкретен мировен план. Останувам убедена дека сега сме поблиску до реализација на проектот. За ова веќе разговаравме со папата за време на неговото последно патување во Будимпешта. пред четири месеци, но не можам да кажам ништо повеќе“, рече шефицата на државата.
Новак посочи дека е време да се разговара како да се изгради мир. Како сигнал за тоа, таа ја наведе мисијата на папскиот пратеник кардинал Зупи и неговите планови да го посети Пекинг по неговите патувања во Киев, Москва и Вашингтон.
Претседателката на Унгарија во петокот присуствуваше на прием во Ватикан, каде што разговараше за хуманитарната ситуација во Украина и верските слободи. По аудиенцијата кај папата Франциск, Новак имаше разговори и во Државниот секретаријат на Ватикан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…

Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…