Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Ристовска го водеше предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, а дел од предметот беше и претставка за факултетската диплома на Христовска добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска.
Откако Телма ја праша ДКСК за можен судир на интереси на Ристовска во предметот, Комисијата ги одмолча прашањата произлезени од информациите објавени на веб сајтот на ДКСК и на Универзитетот за менаџмент и туризам. Но, потоа прати ПДФ документ насловен како демант и тврдеше дека нема никаков судир на интереси без да објасни од каде им е таков заклучок и кој, како и кога ја спровел законската процедура за проверка на судир на интереси за Цвета Ристовска.
ДКСК тврдеше дека имале техничка грешка на нивниот сајт, а Универзитетот ја озбриша сликата на Ристовска од списокот наставен кадар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…