УНИЦЕФ: Во Украина уништени се 1.300 училишта
Повеќе од 1.300 училишта се целосно уништени од почетокот на војната во областите на Украина под контрола на Киев, соопшти Детскиот фонд при ОН, УНИЦЕФ.
Само околу една третина од децата на училишна возраст посетуваат настава во целост, а голем број деца го забораваат она што веќе го научиле, се вели во соопштението.
Освен во Украина, повеќе од половина од децата чии семејства побегнале од конфликтот во седум земји не се запишани во национално образование, соопшти УНИЦЕФ, наведувајќи ги јазичните бариери и преоптоварените образовни системи.
Некои училишта биле гранатирани, а други затворени како мерка на претпазливост во текот на 18-месечните ракетни и артилериски напади врз станбени области низ целата земја.
Војната дојде по пандемијата на Ковид-19, што значи дека некои украински деца се соочуваат со четврта последователна учебна година со прекини, а неделава се враќаат на настава по летниот распуст, соопшти УНИЦЕФ.
Според извештаите, украинските наставници пријавиле случаи на влошување на способностите на учениците во говорење, читање и математика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…