УНИШТЕНИ 2 ТОНИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА ОД СКОПСКО ТОБАКО: Голема акција на АХВ во повеќе градови, изречени казни
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши серија инспекциски контроли во различни градови низ земјата, откривајќи небезбедна храна со поминат рок, соопштуваат од АХВ. Овие контроли резултираа со уништување на над 2 тони небезбедни прехранбени производи и со изрекување парични казни за оператори со храна.
Во Скопје, по добиена иницијатива од граѓани, беше спроведен вонреден надзор во киосци управувани од еден оператор.
„Затекнавме 1.920 килограми небезбедна храна со поминат рок, која беше повлечена и уништена“, информираат од АХВ.
Операторот доби казна, а инспекциските служби презедоа мерки за да го спречат понатамошното пуштање во промет на небезбедни производи.
Во Битола, при вонредна контрола во угостителски објект, затекнати се 241 килограм небезбедна храна, која исто така беше уништена. На операторот му е изречена казна од 600 евра во денарска противвредност, додека одговорното лице беше казнето со дополнителни 300 евра.
„Покрај ова, утврдивме и дека не беа извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените, за што следуваа дополнителни санкции“, додаваат од АХВ.
Во Охрид, при редовен инспекциски надзор, во маркет беа откриени сувомесни производи и мелено месо без декларација и со поминат рок.
„Изречени се казни од 1.400 евра за правното и одговорното лице“, соопштуваат од Агенцијата.
Парична казна доби и месарница во истиот град заради неспроведени здравствени прегледи на вработените.
Од АХВ уверуваат дека инспекциските контроли продолжуваат со цел заштита на здравјето на потрошувачите и обезбедување на сигурност во ланецот на исхрана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: 5000 наставници се вишок, но да…
Министерката за образование Весна Јаневска во интервју…
Зеленски: Неколку севернокорејски војници загинаа во украинско…
Неколку од севернокорејските војници кои беа ранети…
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…