УНХЦР: Испратени тони хуманитарна помош во Авганистан
Агенции на ОН итно испратија тони хуманитарна помош во Авганистан, каде што оваа недела се случи земјотрес во кој загинаа 1.036 лица, а бројот на жртвите се очекува да биде уште поголем, изјави денеска портпаролката на ОН Шабија Манту во Женева.
Како што рече, Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) испрати 600 шатори и 1.200 соларни светилки, како и потрошен материјал за домаќинството за околу 4.200 преживеани.
„УНХЦР распореди персонал за да организира засолништа за бездомниците и да воспостави услови за транспорт на помош од Кабул“, рече Манту, додавајќи дека постои сериозен ризик од болести кои се пренесуваат преку вода.
Мохамед Ајоја, претставник на УНИЦЕФ во Авганистан, истакна дека во земјотресот биле уништени или оштетени неколку илјади домови.
„Децата и адолесцентите се крајно ранливи и изложени на ризик да бидат одвоени од нивните семејства и да доживеат емоционален и психолошки стрес, злоупотреба, експлоатација и други форми на насилство“, рече Ајоја.
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала се случи во средата рано наутро, на околу 160 километри југоисточно од Кабул, во планините преполни со мали населби во близина на границата со Пакистан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Талибанците извршија јавна егзекуција на маж осуден…
Талибанците денеска извршија јавна егзекуција на маж…
Не е повеќе Авганистан најголем светски производител…
Според ОН, Мјанмар бележи значителен пораст на…
Производството на афион во Авганистан падна за…
Производството на афион во Авганистан, некогаш најголемиот…
За само 4 дена Израел фрли повеќе…
За само 5 дена Израел фрли повеќе…
(Видео) Морничави сцени од Авганистан десетици села…
Морничави сцени од Авганистан по страшниот земјотрес…