Ураганот Хилари се движи кон западниот брег на САД
Тропската бура Хилари денеска забрза кон север од брегот на мексиканската држава Баха Калифорнија кон регионот на Западниот брег на САД каде се очекува да предизвика големи поплави, лизгање на земјиштето, изолирани торнада, силен ветер и прекин на електричната енергија, соопшти Националниот центар за урагани.
Мексиканските градови Енсенада и Тихуана, кои лежат директно на патеката на бурата, ги затворија сите плажи и отворија повеќе засолништа во спортски комплекси и владини канцеларии.
Директорот на Центарот за урагани Мајкл Бренан соопшти дека иако Хилари ослабе до ураган од четврта категорија, луѓето треба да обрнат повеќе внимание на водата, а не на ветрот.
„Обилните врнежи и поплавите се најголемите убијци на тропските бури и урагани во САД во последните 10 години“, додаде Бренан.
Едно лице се удави денеска во мексиканскиот град Санта Росалија кога возилото во кое се наоѓало било однесено од порој. Спасувачките екипи успеале да спасат четири лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…