Урнебесно: За да не ни ја враќаат, Владата ќе даде тон масло на земјата што ќе ја прими Теута за амбасадор
“Иљче” од “Кооперација” со урнебесен текст ја насмеа македонската јавност, а шегата овојпат оди на сметка на несудената македонска амбасадорка во САД, ЕУ и Турција, Теута Арифи.
Еве што напиша “Иљче”:
По трите одбивања од Вашингтон, Брисел и Анкара, на предлогот Теута Арифи да биде амбасадор во нивната земја, Владата и Министерството за надворешни работи конечно сфатија што е проблемот со нивната понуда и најдоа начин како да ја направат неодолива.
– По неколкуте одбивања направивме опсежни анализи после кои ни стана јасно дека проблемот е во миразот. Што значи мора да појачаме на подароци ако сакаме да ја дадеме амбасадорката во странство. Затоа и се решивме да го избереме најскапиот можен подарок – маслото. Знаеме дека Вашингтон, Брисел и Анкара ќе жалат што пропуштија ваква шанса, но што е тука е. Одиме на следниот. – изјави анонимен функционер од МНР.
Како што дознаваме, и покрај оваа понуда интересот за амбасадорката не се зголемил, но од МНР тоа го припишуваат на првомајските прослави, како и пресметките што државите ги прават за да се уверат дека 1 тон масло е доволна награда за да ја примат Теута Арифи во својата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетово во банкрот: Ги стигнаа долговите од…
Градоначалникот Билал Касами тврди дека поради неплатени…