Урнебесно: Папата Франциск ги опомена свекрвите – Внимавајте како зборувате, особено со снаите
Папата Франциск им искажа почит на свекрвите, кои општо важат за жртви на најтривијалните клишеа и ги повика да „обрнат внимание на својот јазик“, особено во однос со нивните снаи.
Неделната аудиенција на плоштадот Свети Петар беше посветена на односите меѓу различните генерации, а папата имаше долга дигресија за „митскиот карактер“ на свекрвата во општеството.
„Свекрвата, не велам дека ја гледаме како ѓавол, но отсекогаш е погрдно претставена. Но, не заборавајте дека свекрвата е мајка на вашиот сопруг“, посочи тој. „Ние си велиме колку е подалеку свекрвата, толку подобро. Но, не е така. Таа е мајка и повозрасна личност. За една жена најубава работа е да си дочека внучиња. Кога нејзините деца имаат деца, таа повторно оживува“, вели 85-годишниот папа.
Тој ги предупреди снаите:
„Останете во контакт со вашите свекрви. Понекогаш се малку посебни, но му пружиле мајчинство на вашиот сопруг. Барем усреќете ги“.
Но, папата ги предупреди и свекрвите:
„Ви велам да внимавате како се изразувате, како зборувате со снаите. Девијациите на јазикот се еден од најгрдите гревови на свекрвите“, смета тој.
Извор: Кајгана
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…