Урнебесно: Фатиме отишла во Гибралтар со парите заштетеди од скенирање фискални сметки
Специјалната обвинителка уште еднаш докажа дека е специјална.
Овој пат, таа се појави на стадионот во Гибралтар каде ги подреше нашите фудбалери во натпревар од Лигата на нациите, пишува Кооперација во најновиор сатиричен текст.
Таа вели дека сама си платила карта до Гибралтар, како и карта за фудбалскиот натпревар, а тоа го направила бидејќи е навистина огромен фан на фудбалот и нашата репрезентација.
“Огромен фан сум на фудбалот. Секогаш сакам да ги гледам нашите фудбалери кога играат во странство, без разлика дали станува збор за Италија или Гибралтар. Сама си патив и пат и карта, а парите ги заштедив со скенирање фискални сметки. Освен тоа, поселдните два-три месеца не јадев храна нити пиев вода и така заштедив некој денар. Ете, кога се сака фудбалската репрезентација се е возможно. Презадоволна сум од денешниот резултат и уште од сега планирам да почнам со штедење на храна и вода само за да си дозволам да ја гледам нашата репрезентација на Суперболот во Грузија следната година. Ќе биде јако, обожавам фудбал!” – изјави Фатиме Фетаи во специјално интервју за нашиот сајт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По препораката на Владата да се готви…
Иљче од "Кооперација" во најновиот сатиричен текст…
По протокол: На 11 Октомври во Прилеп…
Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку…
Урнебесно: Маричиќ ќе ја тужи државава оти…
Наглото покачување на холестеролот т.е. триглицеридите во…
Иљче: Час по економија со Битиќи –…
Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена…
Урнебесно – Спасовски: Ќе вработиме уште 600…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес, во…