Усмртена мечка во сообраќајна несреќа во тетовско, нема повредени луѓе

t

На регионалниот пат Тетово-Јажинце синоќа околу 21 часот се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а нема повредени луѓе. Несреќата се случила кај Доброште.

-Вчеравечер (5 октомври) во 21 часот и 15 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Доброште, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот М.П. од Скопје, удрило во мечка и ја усмртило. Нема повредени во возилото, додека мечката е предадена на Националниот парк „Шар Планина“. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово, информираше портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

На истиот пат Тетово-Јажинце кај Доброште и на 14 јули годинава се случи сообраќајна несреќа во која беше прегазена и усмртена мечка. Тогаш учествувале две патнички моторни возила, при што беа повредени двајцата возачи. Исто така мечката беше предадена на Национален парк Шар Планина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара…

На големи неправилности уште вечерта кога гореше…

(ВИДЕО) Мајка од Кочани на лицето си…

Мајка на син кој бил диџеј во…

ГАЛЕРИЈА + ВИДЕО: Улиците на Белград се…

Во Белград започна собирот за протестот „Се…

Пронајдена удавена жена во Дебарско Езеро –…

Жена на околу 40-годишна возраст се удавила…

На ГП Табановце се чека околу 15-30…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…