Успешна акција за спасување на планинар на Пелистер
По пријава на повредено лице од страна на граѓанин преку телефонскиот број за итни повици 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побара организирано извлекување со хеликоптер на планинар од Велес, кој се здобил со повреда на Пелистер планина, во близина на Битола.
Во 12:30 часот успешно интервенираа припадници на Министерството за внатрешни работи, со хеликоптер и специјалната единица „Тигар“. Повреденото лице беше извлечено и безбедно транспортирано до Градскиот стадион во Битола, каде што беше преземено од екипа на Итната медицинска помош – Битола, и пренесено во Клиничката болница Битола, на Одделот за ортопедија.
Лицето во текот на целата акција било свесно и во контакт со спасувачките служби.
Голема благодарност до сите служби кои координирано и навремено реагираа во интерес на спасување човечки живот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Успешна акција за спасување на планинар на…
По пријава на повредено лице од страна…
Спасувачка акција, повреден е планинар на Пелистер
ДЗС и МВР во заедничка акција за…
Пронајден мртов планинарот кој исчезна кај Велес
Планинарот Стојче Пецевски од Велес, кој синоќа…
Во тек е акција на МВР: Се…
МВР рано утринава прави претрес на повеќе…
Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…
На јавноста ѝ е познато кои двајца…