Уставен суд: Се прекинуваат постапките за вработување во јавниот сектор ако огласот наведува припадност на заедница

t

Уставниот суд на Република Македонија објави нови насоки во врска со вработувањето во институциите од јавниот сектор. Според решението, „веќе започнатата постапка за вработување во институциите од јавниот сектор се прекинува, ако јавниот оглас за вработување во институција од јавниот сектор е изготвен согласно актите, односно одредбите кои се опфатени во точка 1 од решението на Уставниот суд“.

Ова значи дека ако огласот за вработување „неопходно наведува припадност на заедница“, постапката ќе биде прекината до донесувањето на конечната одлука од судот.

Доколку, пак, огласот не вклучува таков услов и не обврзува кандидати да ја истакнат својата припадност на заедница, постапката за вработување ќе продолжи. Во овој контекст, Уставниот суд нагласи дека во Регистарот на вработени во јавниот сектор не се евидентираат податоците за вработените во институциите.

Овие насоки, како што е наведено во соопштението, имаат за цел да обезбедат правичен и транспарентен процес на вработување во јавниот сектор, како и да се осигура дека вработувањето не се врши на основа на дискриминација. Министерството за јавна администрација ќе го следи спроведувањето на овие насоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…