Уставен суд ќе одржи седница, на дневен ред десет иницијативи

t

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 31-та седница, на чиј дневен ред се десет иницијативи за оценување на уставност и законитост.

Како што информираат од Судот, на седницата ќе се одлучува по иницијативи со кои се оспорени членови од Законот за даноците на имот, од Законот за управни спорови, од Законот за медијација, од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации за потребите на правосудните органи од интерес за целата земја, од Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик, од Законот за судовите, како и од Законот за јавнотото обвинителство.

На дневен ред, меѓу другите точки се и иницијативата со која е оспорен член 7 став 2 алинеја 1 во делот „надоместок“ од Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија, Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки од Владата на Република Македонија од 3 септември 2024 година, како и Одлуката за донесување на Регулациски план на генерален урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 за четврт С3 19, донесена од Советот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…