Уставен ќе ја оценува уставноста и законитоста на измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрануваат имиња на нацисти

t

 Уставниот суд на Република Македонија оформи 12 предмети, меѓу кои и за Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

Подносител е Здружението на граѓани „Македонско-бугарско пријателство”.

– Подносителот наведува дека оспорениот закон го ограничува основањето на организации и нивниот упис во соодветниот регистар со називот, името или скратеното име на организацијата, што претставува ограничување на едно од основните уставни права. Се наведува дека законодавецот со ваквиот закон се вмешал во организации кои се дел од приватната сфера и пропишува дополнителен услов, кој не е во согласност со членот 20 од Уставот кој ја гарантира слободата на здружување.

Според подносителот оспорениот закон е неуставен затоа што граѓаните може да основаат здруженија, да пристапуваат и од нив да истапуваат се додека програмите и дејствувањето, а не името или скратеното име не се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување на воена агресија, разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…