Уставниот суд во јули оформи 26 нови предмети
Уставниот суд во текот на јули 2025 година оформи 26 нови предмети – десет за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти, дванаесет по иницијативи за оценување на уставност и законитост, како и четири за заштита на слободите и правата на граѓаните.
Меѓу нив, се издвојуваат иницијативите за укинување одредби од Законот за извршување поради наводно оневозможување на наплата на пресудени побарувања, оспорување на измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои ги издвојуваат пензионерите што ја примаат пензијата надвор од државата, како и спорни одредби од Законот за средното образование со кои приватните ученици се исклучуваат од право на бесплатен превоз.
Судот ќе одлучува и по иницијативи за уставноста на повеќе локални одлуки, меѓу кои актите на Општина Велес за цената на собирање отпад, одлуките на Владата за бројот на советници во општините, како и одлуката за возраст при избор на членови на МАНУ.
Во делот на барањата за заштита на слободите и правата, граѓани поднесоа претставки за дискриминација по основ на социјална и политичка припадност, ограничување на правото на жалба и повреда на правото на еднаков третман во судски постапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставниот суд во јули оформи 26 нови…
Уставниот суд во текот на јули 2025…
За германската економија, Србија и Хрватска се…
За германската економија, Србија и Хрватска стануваат…
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово…
Кривична пријава за кичевски полицаец – нападнал…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Мацут: Повикувам на смирување на тензиите –…
Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, ги…