Уставниот суд пресече: Функционерите кои биле разрешени или поднеле оставка нема да земаат апанажа

t

Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа. Уставниот суд денеска го укина членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица, одлучи денеска Уставниот суд на Република Македонија.

На 7 декември 2022 година, Уставниот суд одлучи да поведе постапка и изрази сомнеж во уставноста на членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот, соопштија претходно од Уставниот суд.

Судот претходно одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на другите оспорени членови од овој закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бонус прашање за Николоски: Дали тој или…

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата со години…

Еве што смеат, а што не функционерите…

Во пресрет на претседателските избори на 24…

Функционерските плати и Законот за игрите на…

Собранието денеска ќе го одржи продолжението на…

Платите на функционерите ќе се зголемат до…

Платите на избраните и именувани функционери нема…

Арсовска: Поддржувам да можат да се сменат…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер…