Утре без струја и вода делови од Општина Центар, Визбегово и село Никиштани

t

Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија од 9:00 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од дел од с. Никиштани. (Општина Ѓорче Петров), од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 64, 66 и 68 во Општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, од 11:00 до 12:00 часот, утре, без струја ќе бидат и корисниците од дел од ул. 5 во населба Визбегово, во Општина Бутел.

По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, пак, РЦУК Скопје информира дека поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник ф – 1 цолл, на ул. Стив Наумов бр.77, утре, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Стив Наумов, Пролет, Тетовска и објектите на Амбулантата на МВР и Полициската станица во Општина Центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…