Утре во Собрание е прелогот на Левица за незастарливост на кривичните дела против службената должност
На утрешната седница на Собранието, на Дневен ред ќе се најде Предлог-законот за измена и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратениците на Левица, кој предвидува дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и воведување на незастарливост за кривичните дела против службената должност.
– Ова е клучна и итна законска интервенција што има за цел да ја спречи долгогодишната практика на селективна правда и свесно застарување на предмети кои се однесуваат на криминал извршен од политички функционери.
Јавноста е сведок на секојдневно укинување на првостепени судски одлуки, судења во отсуство и различни процесни манипулации – сè со една крајна цел: елитите од власта или блиски со власта да не одговараат пред законот.
Јасно е дека веќе три децении, политичкиот естаблишмент составен од ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВРЕДИ и ЗНАМ, функционира единствено за да се самозаштити. Институтот „застареност” стана легализирана алатка за колективна амнестија на нивните криминални дела додека кај граѓаните владее разочараност од системот.
Целта е враќање на довербата во судството, воспоставување правна сигурност и конечно справување со високата корупција што ја разјадува државата.
Го повикуваме парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ конечно да изгласа нешто во интерес на јавноста и доколку навистина сакаат да раскинат со „како до сега“ – да го поддржат овој предлог и да покажат дека стојат на страната на правдата, а не на криминалот. – соопштија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…