Утре дожд и слаб снег – температурите во опаѓање

Утре уште од утринските часови се очекува повремен дожд, а на планините слаб снег, особено во северните и источните делови од државата, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи – дожд во пониските предели, додека на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, кој повремено може да се спушти и на пониските места. Во ноќните часови слаб снег е можен и во планинските региони.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој претпладне, особено долж Повардарието, повремено ќе засилува. Дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 5 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен слаб дожд, а на повисоките делови и слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува.
Според прогнозите на УХМР, врнежите ќе придонесат за зголемување на снежната покривка, особено на северозападот, а подоцна и на исток и на повисоките места. Во наредните денови ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Јон Фрчкоски се повлекува од функцијата во…
Директорот на Центарот за истражување и анализи…
Вработен во УЈП Тетово му дојавувал на…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50)…
Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…
Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…
Градоначалникот на Делчево донираше 60.000 денари за…
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски донираше 60.000…