Утре е Божиќ, денот на Христовото раѓање, еден од најголемите христијански празници
Божиќ или Рождество Христово денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.
Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Во народната и црковната традиција во предвечерието на Рождеството се пејат посебни песни наречени каланди кои имаат елементи од византиската традиција и макдонското народно музичко творештво.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…
Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…
Прославите за Бадник и Божиќ во Бигорскиот…
Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на свечените…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…
Католиците и дел од православните го слават…
Католичките верници и дел од православните христијани,…
Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…
Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…