Утре е Огнена Марија: Овие работи не треба да ги правите
Православните верници, утре го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените.
Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.
Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.
Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.
Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.
Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…
Поворката со посмртните останки на загинатите од…
Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…
Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…
Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…
Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…