Објавено на:

Утре за првпат претседател на Косово ќе зборува во Европскиот парламент: Мецола лично ја поканила Османи

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, оваа среда ќе се обрати пред Европскиот парламент, на покана на претседателката на оваа институција Роберта Мецола.

„Ова е првпат претседателот на Република Косово како независна држава да се обрати на пленарната седница на Европскиот парламент“, соопштија од кабинетот на Османи.

Претседателот на Косово ќе зборува за, како што наведуваат, „достигнувањата на Косово“ и неговиот пат кон членство во Европската унија.

„Таа ќе ја изрази благодарноста на граѓаните на Косово за поддршката што Европскиот парламент му ја дава на Косово од 90-тите години“, се наведува во соопштението.

Косовското претседателство соопшти дека Османи прво ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент.

Ќе разговараат за соработката меѓу Косово и оваа институција.

Потоа следуваат средби со лидерите на главните политички групи застапени во Европскиот парламент, како и средби со претставници на Советот на Европа.

Најавата на косовското претседателство за посетата на Стразбур доаѓа по влошувањето на односите меѓу Приштина и Западот поради кризата на северот на Косово и одбивањето или условувањето на косовскиот премиер да ги слушне барањата на Запад за деескалација.

Најавата доаѓа и откако Албанците од Прешево, Медвеѓа и Бујановац најавија дека ќе се обратат пред Европскиот парламент и Советот на Европа.

Поранешниот претседател на општина Прешево и актуелен советник на премиерот на Косово, Албин Курти, Ардита Синани, најави дека делегација од овие општини ќе престојува во тридневна посета на Брисел, со цел да се разговара за „ тешка положба на албанското малцинство во Србија и дискриминација“.

Станува збор всушност за продолжување на кампањата на Албанците од југот на Србија кои се обидуваат да го поврзат решението на статусот на Србите на Косово со статусот на Албанците во овие општини.

„Најдолгорочно и најсоодветно решение би било примената на реципроцитет во правата на Србите кои живеат на Косово и Албанците во Србија“, рече Синани во неделата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…