Утре и задутре прскање против комарци во осум општини од Југоистокот
Утре и задутре во осум општини од Југоистокот ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Утре во периодот од 20 часот до полноќ ќе се прска против комарци во општините Валандово, Дојран, Радовиш и Конче, а задутре во Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во периодите кога ќе се прска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре и задутре прскање против комарци во…
Утре и задутре во осум општини од…
Прскање против комарци во сабота во Скопје,…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
(Видео) Реализирана четвртата фаза од авионската дезинсекција…
Градот Скопје утринава ја реализира четвртата фаза…
Дијагностицирани случаи на западнонилска треска во Србија,…
Западнонилски вирус е откриен кај две лица…
Утре и задутре прскање против возрасни форми…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…