Објавено на:

Утре нестабилно време со пороен дожд и грмежи

t

До крајот на денов сончево и топло со мала до умерена локална облачност. За попладне синоптичарите најавуваат локална појава на пороен дожд и грмежи претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде до 36 степени.

– Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер – информираат од УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…

Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…

Невреме со силен дожд и град во…

Републичкиот завод за метеорологија на Србија издаде…

Невремето прави хаос – падна дрво пред…

Големото невреме и град кои вечерва го…

Метео: Пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…