Објавено на:

Утре облачно време со температура до 14 степени, од недела заладување

t

Времето утре ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно со услови повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m² , а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре облачно време со температура до 14…

Времето утре ќе биде облачно со слаб…

Македонски производи во износ од 15,5 милиони…

Извозот на македонски производи во 2025 година…

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските…

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска во…

Кремљ ги потврди контактите со официјален Париз…

Кремљ денеска соопшти дека има контакти со…

Бил Гејтс за средбите со Епстин: Се…

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил…