Утре оценка на обвинителниот акт за Пулс?!
Ќе се поместат ли работите од мртва точка? Утре се очекува да биде објавена оценката на обвинителниот акт за предметот Пулс, што претставува предуслов за започнување на судскиот процес за катастрофалниот пожар од кобниот 16ти март.
Од Кривичен напоменуваат дека се работи за предмет со 37 обвинети правни и физички лица застапувани од 33 бранители. Од таму прстот го вперуваат во дел од адвокатите и претставниците на правните лица и велат дека причината за одолговлекувањето е во ненавремената достава на судскиот акт бидејќи истите не биле присутни во нивните канцеларии.
ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД
– Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите Законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени.
Утре истекува и рокот кој го дадоа родителите на загинатите во страотниот пожар. А ќе ги добијат ли сите одговори е прашањето кое се отвора откако на последниот Марш за Ангелите родителите на жртвите нагласија дека нивното трпение е при крај и доколку до петок не ги добијат бараните одговори од правосудните органи, тогаш мирните маршеви ќе преминат во протести и блокирање на институциите.
Во меѓувреме, МВР ги вештачело мобилните телефони од кои произлегоа доказите, но и дел од пораките кои беа објавени поврзани со дискотеката на смртта.
МВР
– Сите извештаи од вештачења на мобилни телефони се доставени во месец јуни 2025 година до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување и одлучување.
УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“, сè додека трае постапката. Истражна постапка се води и против полициски службеници поврзани со случајот, за која обвинителот Коцевски најави наскоро обвинителен акт.
Извор: Телевизија 24
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре оценка на обвинителниот акт за Пулс?!
Ќе се поместат ли работите од мртва…
(Видео) Филипче: Пензионерите се нови жртви на…
„На пензионерите сакам да им порачам: вие…
По руско гранатирање исчезна струјата – дали…
Нормализирана е состојбата со електрична енергија во…
Пензионер од Велес е прво лице во…
Седумдесет и деветгодишен жител на Велес е…
Давкова: Нам ни треба повеќе кантовство отколку…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска учествува на…