Утре пратениците во увид на АНБ – Kомисијата ќе ја води Скендер Реџепи, но нема да влезе во агенцијата – нема сертификат
Договорени се сите процедури за утрешната седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ која е закажана за 10 часот, а по нејзиното завршување треба да има и посета на Агенцијата. Комисијата ќе ја води нејзиниот претседател Скендер Реџепи иако претходно имаше одредени несогласувања поради тоа што тој нема безбедносен сертификат.
Затоа утре по седницата Реџепи и најверојатно нема да оди со пратениците да направи увид во работењето на АНБ. Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите рече дека се направени сите напори за да нема некакви проблеми, но во однос на сертификатот на Реџепи рече дека за тоа треба да одговори АНБ.
„За утре е закажана седницата на Комисијата за надзор над АНБ, а потоа пратениците ќе одат во надзор на Агенцијата. Како што знаете несогласувања имаше со закажувањето на Комисијата но гледавме да направиме се за да нема лични суети и да има проблеми во Собранието, значи идејата беше да има договор за седницата на Комисијата. Во однос на сертификатот на Реџепи Собранието не е надлежно и за тоа треба да се праша АНБ зошто по една година тој се уште не го добил безбедносниот документ“, вели Африм Гаши.
Но, од политичките партии и натаму продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа дали имало следење и дали ќе се отворат документите за јавноста за да се увиди што точно се случувало, односно дали станува збор за злоупотреба на системот. Од СДСМ повторно со барање да се декласифицираат документите.
„Ако СДСМ прислушувала како што тврди власта, зошто се плаши да ги декласифицира документите? Што во тие документи го плаши Христијан Мицкоски толку многу? Дали овие документи содржат докази за соработка на Мицкоски со странски непријателски служби? Дали Мицкоски работел на штета на интересите на државата за странски пари? Дали Христијан Мицкоски имал комуникација со руски агентури кои финансирале екстремизам и дестабилизаиција на државата?“, порача Богданка Кузеска.
СДСМ призна дека следеле и прислушувале преку АНБ и сега наместо да се извинат лажат и манипулираат, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС најпрво треба да се извини за 5 години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите. Откако ќе се извинат треба да го повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски на одговорност. Наместо тоа гледаме како СДС од петни жили ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, затоа што очигледно работеле по партиска задача“, вели Бране Петрушевски.
Вчера и премиерот Мицкоски на обраќањето за Денот на независноста рече дека не само тој туку и неговото семејство биле следено и дека одговорност за ова мора да има.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре пратениците во увид на АНБ –…
Договорени се сите процедури за утрешната седница…
Србија гори, Вучиќ се сликаше со Џеки…
Светски познатиот актер и мајстор на боречки…
(Видео) Филипче на мисија во Франција: Се…
Македонија мора да продолжи по европскиот пат,…
Томовски: Не се предвидени казни ако не…
Сите државни институции и јавни правни лица…
МВР го потврди настанот, запален станот на…
Ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје…