Утре продолжува судењето за поранешните водачи на на УЧК во Хаг

t

Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната во Косово, ќе продолжи утре по тринеделна пауза, пишува Индекс онлајн.
Првото рочиште во 2025 година е закажано за понеделник во 9 часот.

Специјализираните совети на Косово на 6 јануари донесоа одлука да прифатат две писмени изјави на сведоци кои одбраната ќе има право да ги испита.

Во рамките на судењето на водачите на ОВК, на 20 декември и 6 јануари, судскиот совет усвои и неколку барања на Обвинителството за изведување на други материјални докази и други придружни изјави.

Во средината на декември, адвокатите на жртвите побараа да се дозволи член на семејството на починатата жртва да сведочи во нејзино име за време на судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БОМБА ОД МЕЏИТИ: ВО ВЛАДАТА Е ПОСТИГНАТ…

Првиот потпретседател на Владата на Македонија, Изет…

Апасиев: Фала, МИЦКО, брат – Нема Закон…

Фала, МИЦКО, брат, напиша на Фејсбук лидерот…

Утре продолжува судењето за поранешните водачи на…

Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим…

ДПИ ќе провери дали е постапено по…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Ахмети на кафе со генерали од УЧК

Лидерите од Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села по вчерашниот…