Утре ќе ја знаеме новата цена на струјата, а ќе се прогласи и кризна состојба

t

Новата цена на струјата, која се очекува да стапи на сила од1 јануари 2026 година, ќе ја соопшти на утрешната прес конференција претседател на Рагулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

ЕВН Хоум предложи цената на струјата да се зголеми за околу 6 отсто.

Во истиот ден со соопштувањето на новата цена на струјата, Владата на редовна седница се очекува да прогласи кризна состојба на пазарот на струја. Одлуката се носи по предлот на ЕСМ.

Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут, уверуваше денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, според која, ова не значи дека граѓаните ќе почувствуваат криза во снабдувањето. Според Божиновска, државата има резерви на мазут.

-Ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите, рече Божиновска.

ЕСМ побара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја, бидејќи доставата на енергенси потребни за производство на електрична енергија е отежната.

–Ваквата иницијатива за активирање на државните резерви произлегува поради состојбата со блокадите на грчките земјоделци поради што не може да се реализира набавката на мазут кој е неопходен во делот на производството, соопштија од Владата.

И денеска продолжија протестите на грчките земјоделци, следени со блокада на патиштата. Овие блокади ќе бидат прекинати за време на Божиќните празници од утре, вторник, 23 декември до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември до недела, 4 јануари 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре ќе ја знаеме новата цена на…

Новата цена на струјата, која се очекува…

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски…

Поголема минимална плата? Нема да има. Нема…

Црна европска листа: Македонија трета по број…

Најновите податоци на Евростат за 2023 година,…

Магла на патните правци Дебар – Струга,…

Намалена видливост поради појава на магла од…

Реакции за Кривичниот законик – законски измени…

Измените ги намалуваат максималните казни во споредба…