Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде што во 8:30 часот беа измерени 4 степени. Во Крушево беа измерени 6 степени, во Маврово седум, Охрид осум. Најтопло беше во Штип и Демир Капија, каде беа измерени 13 степени.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
4 Попова Шапка, 6 Крушево, 7 Маврови Анови, 8 Охрид, Претор, Прилеп, 9 Тетово, Берово, 10 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци, Струмица, 11 Скопје-Петровец, Виница, 12 Велес, Гевгелија, 13 Штип, Демир Капија.
Најмногу дожд наврна во Маврово, 31 литар на метар квадратен.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 7 часот (во l/m2)
31 Маврови Анови, 25 Пожаране, 22 Попова Шапка, 16 Тетово, 13 Охрид, 10 Крушево, Претор, 6 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 Крива Паланка, Битола, Виница, Кавадарци, 1 Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во крајните југозападни делови (над 20 l/m2). Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде…
Апасиев поднел барање за утврдување одговорност за…
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев…
Во среда ќе нема струја од 4…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре…
Хидранти нема ни во Совет на Општина…
Кумановските советници не дај Боже ќе изгорат…
(Фото) Тешка сообраќајна несреќа во Топанско Поле!
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва се случи…