УХМР со најава: Невреме низ Македонија
Денес попладне и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни така што локално се очекуваат над 30 l/m2 дожд.
Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде на места се можни локални излевања (со посебно внимание на југоисточните делови и Струмичкиот регион).
И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, поради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде би се појавиле ваков тип на врнежи. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…