УЧЕБНИЦИТЕ СЕ ГОТОВИ, ЗА НЕКОИ ЖАЛБЕНАТА ПОСТАПКА НЕ Е ЗАВРШЕНА: Министерот објасни до каде е доставата на учебници

t

Учебниците за трето одделение се завршени и доставени до сите основни училишта. За шесто одделение се одобрени учебниците по Македонски јазик, Албански јазик, Природни науки, кои се на графичко-техничка обработка и печатење. Одобрен е и учебникот по Математика, но ќе треба да поминат пет дена за жалбена постапка, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Министерот рече дека утре МОН ќе сподели точни информации со план за достава на учебниците од новата реформа до сите училишта, од прво до шесто одделение.

– Ме радува фактот дека учебниците за трето сите се завршени и доставени до сите основни училишта. Што се однесува за учебниците за шесто, исто така ме радува фактот што Националната комисија ги има одобрено учебниците по Македонски јазик, Албански јазик, Природни науки и учебникот за Математика, за кој ќе треба да чека уште пет дена жалбена постапка, а за претходните – сите се доставени на графичко-техничко и печатење – изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања.

Продолжува, рече тој, и доставата на учебниците во средното образование каде што по подолг период од десет години немало учебници.

– Одредени издавачи кои имаат право на сопственост во издавачката дејност побараа одложување на рокот на договорот што го имаа до 1 септември. Побараа уште 30 дена и до крајот на септември во сите средни училишта, според нивните барања, во гимназиското образование ќе се достават сите учебници-додаде Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…

Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените,…

Владата засега нема да донесе одлука за…