Ученичка од Тетово: Еве зошто бегаат младите – јас сум со сите петки и пак сум во категорија препишувач!
Ученичка од Тетово, на Фејсбук реагира за целиот скандал со Државниот испитен центар и категоризацијата на некои од учениците како препишувачи.
Зошто младите бегаат од државата?
Бегаат од неправда, бегаат од распаднат систем, бегаат од негативна селекција која се врши и бегаат затоа што сонот за успех овде го живеат криминалците а не чесните луѓе.
Сега ќе пробам да ја објаснам целата пародaксална ситуација, иако според Државен испитен центар сме неписмени и препушувачи, ќе пробам во кратки црти да ви го доловам овој трул систем.
Како е можно, јас и многу други мои соученици од Тетово а и од државата да сме ученици на генерација со сите петки, а сепак според ДИЦ да сме препишувачи и да имаме двојки и тројки на полагањето матура?
Штом ги добивме резултатите од поднесените приговори вчера, бевме упатени да се јавиме во ДИЦ да закажеме термин за увид за утре т.е. денеска, на кое што вчера и денеска добивме одговор со недостапни контакт телефони.
Со платен приговор и увид не можеме да си го оствариме правото на увид.
Овие оценки ни влијааат на успех за уписи и стипендии за факултет.
Срамно и жално е што во оваа држава се гледа само тн. “перење пари” на секој можен начин.
И на крај сакам да прашам дали тестовите се воопшто прегледани или резултатите се само формалност?“ вели во статусот Сара Лалиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари
Трамп го најави T1 – новиот американски…
Во Струмица се одржува Државното првенство во…
Од вчера до 21 јуни во хотелот…