Училиштата ќе им помагаат на учениците при онлајн уписите
Како и со секоја промена што доаѓаат компликации, онлајн пријавувањето поттикна многу прашања и дилеми кај учениците и нивните родители. Затоа тука се самите училишта да им помогнат на учениците и се да спроведе во најдобар ред.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во средните училишта ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Пријавувањето првпат ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Родителите сметаат дека системските грешки се неизбежни. Што ќе се случи доколку ја нема пријавата иако се пријавиле онлајн, како ќе докажат? Што е со оние што немаат интернет или едноставно нема да успеат да се пријават онлајн? Ќе може ли сепак физички да се однесат документи и ред други прашања и нејасностии.
Важно е изводот да е оригинален, како се истакнува директорката на гимназијата СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола, Фанија Наумовска, вели дека очекува сѐ да помине во најдобар ред и секако вработените им стојат на располагање да им помогнат на сите оние што нема да можат да успеат сами да се пријават од дома.
– Процесот на пријавување е лесен и едноставен. Доколку учениците ги чуваат лозинките од сопствените кориснички сметки на Schools.mk, лесно ќе се пријават, на другите им стоиме на располагање. Отворени ќе бидеме да им помогнеме да ги пополнат апликациите, заеднички да ја пополниме изјавата. Тоа што не добиваат повратна информација дека се пријавиле, можеби ќе појави некој проблем, но тоа е сегмент кој е под Министерството за образование и наука, начинот на пријавување е во нивна надлежност и не можеме да дадеме некаков одговор околу тоа. Но, секако, ќе може да се пушти приговор и заеднички да разгледаме што може да се направи. Очекуваме сѐ да се одвива во најдобар ред – вели Наумовска.
Гимназијата „Орце Николов“ од Скопје е подготвена за новите средношколци и онлајн пријавувањето.
– Оваа година првпат се воведува онлајн пријавување во систем кој е подготвен за оваа пригода. Во училиштата, комисиите посетија дводневна обука за работа на системот. Веруваме дека системот ќе работи без проблем и дека учениците ќе се пријават со леснотија. Онлајн пријавувањето зависи од ученикот бидејќи тој се најавува и самиот ги внесува оценките и потребните скенирани документи и ги испраќа на системот. Системот ќе биде отворен неколку дена пред уписот за да можат учениците да разгледаат како се пополнува. Потребни им се корисничкото име и адреса од основно образование – ни изјави Митко Димовски од гимназијата „Орце Николов“, Скопје
Верувам дека сите ученици со помош од нивните родители успешно ќе се пријават на системот, дополнува тој.
– Втора проверка на документите ќе се одвива во училиштата, откако учениците ќе ги достават документите во хартиена форма во училиштето. Ќе бидат објавени точни датуми и временски периоди за поднесување на документите. Конкурсите за упис се одамна објавени и во нив се наведени сите потребни документи. Бидејќи свидетелствата и дипломите треба да се прикачат како скенирани документи на системот, потребно е родителите да го направат тоа благовремено за да не настанат проблеми околу неотвoрање на документ и сл. По првиот уписен рок ќе следува и втор и трет уписен рок, и верувам дека сите деветтоодделенци ќе се запишат во училиштата во кои посакуваат – појаснува Димовски.
На прашањето како ќе може да се докаже дека одреден ученик е пријавен, доколку онлајн апликацијата по некоја системска грешка не стигне во системот, тој вели:
– Во комуникација сме со одговорните за техничка поддршка и верувам дека какви било проблеми ќе бидат навремено решавани.
Она што ги загрижува родителите е и како да извадат извод од матичната книга на родени во ек на штрајкот на матичните служби. Но директорката Наумовска потенцираше дека е важно само изводот да е оригинал, а не е важно кога е изваден.
По неколку часа вртење на телефоните на Матичните служби не добивме никаков одговор на прашањето дали ќе им излезат во пресрет на оние ученици што дома немаат никаков извод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…