Уште еден руски бизнисмен падна од прозор…

t

Михаил Рогачев, 64-годишниот поранешен топ-менаџер на компанијата Јукос, која се занимаваше со екстракција на нафта, почина вчера утрото откако падна од прозорецот на неговиот стан во Москва.

Од информации во медиумите јасно се гледа дека Рогачев оставил самоубиствена белешка и според прелиминарната верзија на која работат органите на прогонот извршил самоубиство.

Руските Телеграм канали ја објавија информацијата дека, според неговите блиски, ништо не навестувало дека Рогачев решил да стави крај на својот живот. Според каналот ВЧК-ОГПУ, тој наутро појадувал во добро расположение со семејството, а потоа се повлекол во бањата.

Малку подоцна неговото тело било пронајдено безживотно под прозорците на нивниот стан, кој се наоѓа во станбен комплекс во непосредна близина на зградата на претседателската управа. Телото го пронашол вработен во руската надворешна разузнавачка служба околу 9:00 часот, кој го шетал своето куче, пренесува actualno.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ