Објавено на:

Уште една победа на Македонците во Бугарија: Советот на Европа вели дека ОМО Илинден-Пирин не е ризик за Бугарија

t

Извршувањето на пресудата за ОМО Илинден-Пирин е премногу долго време „на чекање“. Во Бугарија имаше избори и кога ќе се формира нова влада повторно ќе разговараме за ова прашање, одговорија од Комитетот на министри на Советот на Европа на прашање на „Слободен печат“.

Советот на Европа бара од 46-те земји членки да покажат политичка волја и да ги спроведат пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур и да ги подобрат своите капацитети за тоа.

-Почитувањето на судските одлуки е од суштинско значење за владеењето на правото. Низ цела Европа Конвенцијата за човекови права ги смени на подобро животите на луѓето, но за да продолжи позитивниот импакт земјите членки на Советот на Европа мора да покажат политичка волја и целосно и доследно да ги спроведат пресудите – вели генералната секретарка на Советот на Европа (СЕ), Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Изјавата на Пејчиновиќ Буриќ е дадена по објавувањето на годишниот извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за спроведување на пресудите на ЕСЧП. Извештајот кој што ги опфаќа сите членки на СЕ плус Русија покажува дека после Турција и Русија во Бугарија има најмногу „случаи на чекање“. Меѓу нив е и случајот со пресудите за ОМО Илинден-Пирин.

„Комитетот на министри забележува дека повеќе од 16 години по првата конечна пресуда во случајот ОМО Илинден-Пирин и други групи против Бугарија за здруженија чија цел е да „постигнат признавање на македонското малцинство“ и натаму рутински се одбива регистрацијата. До денес, и покрај некои чекори преземени од властите, Агенцијата за регситрација и судовите сѐ уште не дејствуваат во согласност со Конвенцијата. Комитетот бара од властите да ги преземат неопходните мерки за да обезбедат барањата за регситрација да се разгледуваат во согласност со Член 11 од Конвенцијата и да ја прошират обврската на Агенцијата да дава инструкции за исправка на досиејата за регистрација“, пишува во извештајот за случајот со ОМО Илинден.

Од Советот на Европа велат дека по изборите во Бугарија чекаат да се формира нова влада и дека повторно ќе го постават прашањето за овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…